Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка! Вардарки веќе во среда гостуваат кај Бадел во првиот меч од финалната серија

Кошарка! Вардарки веќе во среда гостуваат кај Бадел во првиот меч од финалната серија

Кошаркарките на Вардар се пласираа во финалето на кошаркарската лига, минатата недела нашите девојки во “мајсторката“ која се играше  во малата сала во СЦ. “Кале” ја прекечаа екипата на МНА Кожувчанка од Кавадарци. Откако во овој решавачки натпревар девојките на Вардар триумфираа со резултат 66-51 си  “закажаа“ финале со Бадел.

 Сега девојките на Вардар пред себе ќе имаат уште еден тежок противник во финалната серија. Тимот на Бадел 1862 иако е апсолутен фаворит, сепак вардарки ќе се обидат да стигнат до ново изненадување. Првиот меч се игра веќе во среда, 3-ти мај  кога гостуваме кај актуелниот шампион кој го добивме во Куп финалето на земјава. Дуелот е закажан со почеток во 19-00 часот. Финалната серија се игра во три добиени натпревари.