Кошаркарите на Вардар до 20 години започнаа одлично во финалната серија против фаворизираниот тим на Работнички. Вчера нашите играчи како гости, во салата Градски парк го совладаа домашниот тим на Работнички со резултат 63-74.
Со оваа победа, нашите надежи направија голем брејк на гостински терен. Сега нашиот тим на следниот меч ќе биде домаќин и ќе има можност да поведе со 2-0 во серијата прв до три победи. Доколку вардарци дојдат до 2-0, тогаш ќе бидат на само еден чекор до шампионската титула.
Честитки до целиот тим и стручниот штаб за оваа голема победа.