Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Утре ждребот, кој е посакуван противник за Вардар во полуфиналето?

Утре ждребот, кој е посакуван противник за Вардар во полуфиналето?

Ги добивме сите патиници кои ќе патуваат на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Келн оваа година ќе остане без германски тим, можните противници на Вардар во полуфиналето се: Барселона, ПСЖ и Веспрем.

Почнуваме од Барселона. Екипата на Барса предводена од Кире Лазаров покажа дека и оваа сезона има тим за највисок дострел. Шпанците иако загубија на првиот меч против Кил, сепак на домашен терен покажаа дека оваа сезона се поквалитетен тим од германците.

Тимот на ПСЖ според многумина оваа сезона важи за најголем фаворит за титулата. Но и минатата година беше така, но тимот на ПСЖ тоа не го докажа ниту во еден момент. Овој француски тим во четвртфиналето го елиминираше тимот на Пик Сегед.

Доаѓаме до најпосакуваниот противник за Вардар во полуфиналето. Тимот на Веспрем оваа сезона загуби еден натпревар за титула против нашиот тим. На тој натпревар во СЕХА – лигата, Вардар во целост го надигра унгарскиот состав. Според многумина Вардар против Веспрем има најголеми шанси за пласман во големото финале.

Едно е јасно, кои парови и да се паднат, нема да биде лесно ниту за една екипа. Ждребот за полуфиналните парови ќе биде одржан утре. Со нетрпение го очекуваме противникот на Вардар во полуфиналето.