Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > КК Вардар победи со Феникс и скоро има сигурна промоција во Втора лига

КК Вардар победи со Феникс и скоро има сигурна промоција во Втора лига

КК Вардар во рамките на 11 коло од третата кошаркарска лига со “фенерџијата“ тимот на Феникс оствари убедлива победа со 46-94. Вардарци во овој меч “гостуваа“ во сопствената сала во Кале . Со оваа победа 8 по ред избија на лидерското место во лигата и речиси сигурно обезбедуваат влез во втората Македонска кошаркарска лига.

Табела по крајот на 11 коло во Третата лига !

Табела по крајот на 11 коло во Третата лига !

За тимот на Црвено-црните  на овој првенствен меч настапија Андриевски, Миновски,  Конзулов,  Робев, Шалев, Нацевски, Петровски, како и тренер-играчот Ѓорѓи Кочов  . Кошаркарите на Вардар  во текот на цел меч ја контролираа и зголемуваа разликата .За жал Нацевски се здоби со повреда на едно од забивањата . Комбат 87 навивачката група на Кошаркарскиот клуб Вардар и овој првенствен меч беа повторно присутни и дадоа целосна подршка во ова нова  победа на Вардарци .Тие исто така најавуват  за последното коло дома кога ќе се слави влезот во втората лига најавуваат вистинска навивачка фешта.

Редакцијата на Вардарфанс му посакува побрзо закрепнување на младиот и храбар Вардаров кошаркар Нацевски.

Редакцијата на Вардарфанс му посакува побрзо закрепнување на младиот и храбар Вардаров кошаркар Нацевски.