Кк Вардар М-15 викендов ги продолжи натпреварите во првенството, во својата група. На домашен терен беа подобри од екипата на Баскет КАМ Р.Саса, совладувајќи ги со резултат 67-65.
-Натпреварот со Баскет КАМ Р.Саса беше многу неизвесен. Утакмицата ја започнавме солидно, на полувреме водевме со 7 поени разлика. Во вториот дел играта беше изедначена но цело време бевме во водство, за на крај да победиме со 2 поени разлика (67-65).
Моменталниот учинок на оваа генерација е 5 победи и 4 порази, со надеж за подобри резултати и за повисоко место на табелата.
-Формата на екипата е прилично добра, и се надеваме дека следните натпревари ќе ги добиеме сите. Целта е да обезбедиме место во групата кое не води во наредното ниво на разигрување, изјави Филип Јованов за нашиот сајт.
Звонко Ивановски