РК Вардар со соопштение по повод престојниот меч од лигата на Европските ракометни Шампиони, со тимот на Висла . Оние гледачи кој поседуваат сезонски блок-билет без разлика од кој од 4-те типови на истата поседуват : за седење(трибина) , за стоење , Вип или Вип-Премиум ќе имаат можност да го откупат истото место за 1/8 Финалето со Висла во Л.Ш .
НАПОМЕНА : Оваа т.н. приоритетната продажба е исклчиво за сезонските билети , а за останатите места кој идат секогаш во поединечна продажба инфо наскоро ќе има од РК Вардар. Истото благовремено ќе ви биде и овде пренесено .
Сите навивачи на Вардар кои што поседуваат сезонски билети за натпреварите во Лигата на шампионите од денес (понеделник) ќе може да си го откупат истото место што го имале за мечевите од групната фаза, за осминафиналниот дуел со Висла на 21 март.
Приоритетната продажбата на билетите ќе се одвива само на билетарницата во С.Ц. „Јане Сандански”.
Само со приложување на сезонската картичка купувачите ќе можат да си го откупат истото место.
Приоритетната продажба започнува од 02.03.2015 во 10:00 часот и трае до 06.03.2015 до 18:00 часот.
Цена на билети за осминафиналето со Висла :
- 400 денари – ТРИБИНА
- 600 денари – ВИП
- 1200 денари – ВИП ПРЕМИУМ
- 150 денари – СТОЕЊЕ