Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ружица Атанасова: Во животот нема пораз, туку само лекција
Ружица Атанасова: Во животот нема пораз, туку само лекција

Ружица Атанасова: Во животот нема пораз, туку само лекција

Викендов, пионерките на Жрк Вардар стартуваа со вториот дел од сезоната. На гостувањето во Охрид, го забележаа првиот пораз оваа сезона, против екипата на Моби-Дик. Натпреварот заврши со победа на домаќинките со резултат 17:13.

-Тргнувањето на утакмицата за нас претставуваше предизвик кој требаше да го исполниме уште во комбето. Сите бевме возбудени за натпреварот што ни предстоеше,но длабоко во себе бевме сигурни дека ќе победиме. По стигнувањето во Охрид почуствувавме мал замор од патувањето, но не дозволивме тоа да се заабележи на натпреварот. Почетокот на утакмицата беше неизвесен за нас, дури и почуствувавме мал сомнеж дека можеби во еден момент ќе го изгубиме натпреварот. По тајмаутот кој беше свикан од нашиот тренер Анжела Платон, минута пред да заврши првото полувреме, нештата почна да се менуват.Нашиот тим даде 3 гола за време од 1 минута. Почетокот на второто полувреме беше добар. Утакмицата заврши неочекувано за нас, ние изгубивме. Кога се враќавме кон Скопје бевме разочарани поради изгубениот натпревар, и атмосферата во комбето беше многу тивка.

Веќе во сабота, пионерките ги очекува нов дерби-дуел против екипата на Металург.

-И покрај се, се надеваме дека идните натпревари ќе ги завршиме успешно со победа. Можам да кажам дека во овој натпревар среќата не беше на наша страна, но се надевам дека во наредните натпревари нема да биде така, и ние со нетрпение го чекаме наредниот натпревар. Во животот нема пораз, туку само лекција, ни изјави членот на пионерките на Вардар, Ружица Атанасова за нашиот сајт.

Најефикасни на мечот со Моби-Дик беа Марија Дамовска со 4 гола. Бојана Диневска и Ива Цветковска постигнаа по 3.

Звонко Ивановски