Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Комити > (ВИДЕО) Силекс- Вардар 0-3 и Видео Комити
(ВИДЕО) Силекс- Вардар 0-3 и Видео Комити

(ВИДЕО) Силекс- Вардар 0-3 и Видео Комити

Се уште се свежи впечатоците од вчерашната доминантна игра на ФК Вардар во “ градот на кулите и мостовите “ каде се покажа колку Црвено-Црните момци се квалитетен фудбалски колектив. Кон Кратово вчера се упатиа многу коли Вардарови фанови, неколку автобуса. Градот беше обоен во црвено-црно се осеќаше пријатна атмосфера пред премиерниот дуел пролета .

Дождот неколку часа пред мечот го засипа Кратово што влијаеше доста многу на квалитетот на подлогата за игра . Мечот почна и евидентно беше дека теренот ќе биде пречка за контрола на топката, бидејќи беше влажен и на места калив, што беше отежнување за Вардаровите фудбалери кој се технички подобро потковани . Вардар имаше подршка од неколку стотини Комити кој од трибините на градскиот стадион во Кратово од почетокот па се до дваесетина минути по мечот непрекинато со својата песна ги бодреа момците . Неколку шанси за да го отвори резултатот имаше на изненадување на сите домашниот Силекс . Играчот на Кратовските сино-црвени Панов, двапати имаше шанса да го совлада Пачовски кој се покажа како повешт во нивниот дуел . Вардар имаше удар од 20-сетина метра кој заврши над гредата преку Блажевски . Но Вардаровата машина брзо проработе и Ивановски во 12 минута го отвори резултатот . Подоцна Блажевски со два прекрасни погодоци во 14 и 19 минута ги постави конечните 3-0 за Скопјани .

На теренот целосна , потполна и неприкосновена доминација на фудбалерите на ФК Вардар , а на трибините доминираа КОМИТИ! Момците кој се Вардарова институција на ова гостување им дадоа целосна поддршка на момците на Сергеј Андреев . Цел меч со песна по крајот на мечот Комити ги поздравија својте миленици и приредиа  шоу со димнијада за фудбалерите на ФК Вардар .