Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > БК Вардар : Можеме до еден медал на европско (ФОТОГАЛЕРИЈА)
БК Вардар : Можеме до еден медал на европско (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Легендата Медвед Александар и шефот на стручниот штаб на БК Вардар проф. Пешко

БК Вардар : Можеме до еден медал на европско (ФОТОГАЛЕРИЈА)

БК Вардар излезе со видување за состојбите во борењето на својата страница Вардар Вристлинг по присуството  на меѓународниот гран при “Медвед“ кој се одржа во Минск-Белорусија   .

Состанокот кој се одржа во Минск на меѓународниот гран при “Медвед“ од една страна донесе многу нови идеи и амбиции за развој на Македонскот борење . Од друга страна разочарување во поглед на споредбата на сегашниот Македонски квалитет на борачите прикажан на изборниот шампионат во Скопје компариран во однос на борачите учесници на “Медвед “ .
Тренерот Гајдар Гајдаров и Професорот Пешко во интерес на Вардаровите борачи и сите Македонски репрезенативци ги следеа внимателно борбите во сите тешки категории , каде што беа прикажани навистина извонредни борби , брилјатна техника и енормна психо-физичка подготовка .

Покрај разменетите мислења меѓу себе околу подготвеноста на Зубаров , Хамикоев , Кристијан Пешко , Мамути и Павлев како показател за истита беа земени подготовките , изборниот шампионат , турнирите во Шведска и контролните борби – Дојдовме до констатација дека сме назад со тренажниот процес најмалку од три месеца .

На Европското првенство У-23, на кого ќе учествуваат нашите Вардарци, според Гајдаров би требало да освојат барем еден медал, но тренерот Професорот Љубиша Пешко напомена доколку во иднина не се направи подобрен стручен тим во репрезентацијата. Каде што во работата со истата ќе бидат вклучени: медицински тим, физиотерапевти, фитнес инструктори, без користење на суплиментација, вели дека тешко ќе се оствари забележитетелен светски резултат, па и олимписка норма.
Голем интерес имало за стручњаците на БК Вардар од неколку земји кој се велесили во боречкиот спорт –Азербеџан, Узбекистан, Киргистан Казакстан , САД кој понудиа да бидат нивни соработници. Но тренерите на Вардар сепак се одлучија да направат СИЛЕН БК ВАРДАР притоа и ангаживајќи уште неколку искусни кординатори од типот на заслужниот тренер на Русија Анатолиј Маргиев (ЦСКА-Москва).