Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > (ФОТО) “Кугларскиот Моцарт“ Влаќевски играч на колото во МКЛ
(ФОТО) “Кугларскиот Моцарт“ Влаќевски играч на колото во МКЛ

(ФОТО) “Кугларскиот Моцарт“ Влаќевски играч на колото во МКЛ

Зад нас е некомплетното 6-коло во Македонската кугларска лига. Во истото  вардарци беа домаќини и однесоа победа над Хераклеа од Битола . Мечот помеѓу избраниците на Драги Димитровски и битолските куглари  во целост им припадна на домаќините кои однесоа убедлива победа со резулат  8:0 ( 20:4 ).

vardarfans-28

Кај нас број еден беше  “Кугларскиот Моцарт“ – Бојан Влаќевски кој играше прекрасна партија,  истата беше доволна да го вивне во врвот на овонеделниот избор за играч на колото. Бојан повторно е оној стариот: лидер во победите, соборувач на рекорди, играч кој го добива признанието број еден во изиграното коло. Очигледно тренерот Драги Димитровски го “добива стариот“ Влаќе повторно. Влаќевски како што сам изјави за Вардар фанс не беше целосно задоволен со својата форма во последно време. Тој на мечот со битолскиот тим од 616 “соборени дрва“.  Бојан заедно со остатокот од црвено-црниот кугларски колектив ќе атакуваат на нова победа в сабота на мечот со Кк 18 Август Адинг СЦБТ, мечот ќе се игра во 11-00 часот.

vardarfans-13 vardarfans-12