Европската куќа на ракометот за дуелот од 8 коло од група фаза-2 од женскиот сегмент на ЕХФ Лигата на шампионките во Букурешт одреди ракометната правда да ја дели судиска двојка од Словачка. Мечот помеѓу ЖРК Вардар и домаќинот ЦСМ Букурешт ќе го судат Петер Бруновски и Владимир Канда.
За ЕХФ делегат е делегиран Дарко Репансе од Словенија. Мечот е закажан за вторник 16/02/2016 со почеток од 18:00. Овој дуел доживеа презакажување, истиот беше закажан за на 14 февруари, но со измената ќе се игра на 16 февруари. Причина за оваа измена е недостапноста на салата „Поливалента“ каде романскиот преставник во Л.Ш ЦСМ Букурешт ги игра своите домашни натпревари.