Вардар на последниот меч против украинскиот премиерлигаш Металист од Харкив ремизираше играјќи 1-1. Избраниците на шефот на стручниот штаб на црвено-црните Гоце Седлоски ги чека нов петти, воедно предпоследен тест-дуел во Анталија. Во истиот наш противник е Черноморец Одеса од Украина.
Дуелот со украинците е закажан за 12 февруари, петок на теренот „WOW Football Center Lara“. Вардар ќе се обиде и во петтиот меч да ја продолжи низата без пораз на овие зимски подготовки. Покрај ова црвено-црните успеаа да закажат уште еден дуел во Анталија на 13 февруари. Противник ќе ни биде германскиот четвртолигаш Елверсберг. Мечот помеѓу екипите на Вардар и Елверсберг ќе игра во фудбалскиот центар „WOW Lara“, и истиот ќе започне во 16-00 часот по македонско време. По одигрувањето на овој дуел фудбалерите на Вардар се враќаат за Скопје, каде ќе ги одработат последните подготовки пред почетокот на Првата македонска фудбалска лига.