Во есенскиот дел од сезоната на натпреварот со Рајн-Некар, Александар Деревен здоби незгодна повреда, поради која беше изнесен на раце од колегите од теренот. Првичните информации од првиот преглед беа дека ќе му претстои пауза од само 3-4 недели, но сепак Деревен ги имаше скинато предните вкрстени лигаменти и ќе отсустваше подолг период.
Русинот на почетокот на месец ноември имаше операција, по што следеше долг процес на рехабилитација. Вчера тој го имаше неговиот прв тренинг со остатокот од екипата иако има засебна програма, младиот русин ќе работи под посебен режим. Сезоната за него е речиси завршена, евентуално би можел повторно да е во комбинација негде во април за македонските ракометни возбудувања иако не се очекува Раул Гонзалес воопшто да го ризикува за истите.