Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Одреден составот на пионерите на Рк Вардар, кој ќе се обиде да освои еден од медалите на турнирот во Србија
Одреден составот на пионерите на Рк Вардар, кој ќе се обиде да освои еден од медалите на турнирот во Србија

Одреден составот на пионерите на Рк Вардар, кој ќе се обиде да освои еден од медалите на турнирот во Србија

Пионерите на Рк Вардар генерација родени 2002/03 година во периодот од 13-15-ти февруари ќе учествуваат на турнир во Зрењанин- Србија. Тие се во група со екипите на Камп Растеме, Спачва, Војводина и Раковица. Првиот меч на програмата е закажан за 13.02 (сабота) наутро во 8:00 часот, против екипата на Војводина.

Тренерот на оваа генерација Андријана Будимир веќе го одреди составот, кој ќе се обиде да освои еден од медалите на овој силен меѓународен ракометен турнир: Играчите кои патуваат за Србија се: Јован Танев, Горјан Трајковски, Емил Смилевски, Горјан Алексовски, Давид Савревски, Марко Зафировски, Андреј Трајановски, Марио Мишевски, Борис Павловски, Андреј Смилевски, Бојан Чакалиќ, Ненад Ангеловски, Никола Жерновски, Иван Богдановски, Велимир Грујовски, Мартин Стоичевски, Дамјан Димитријевски, Кристијан Мутовски, Дамјан Србиновски, Благој Димчевски, Андреј Аспровски и Андреј Митревски.

Истата екипа беше дел од второто издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов, на кој црвено-црните на убедлив начин го освоија првото место во својата генерација. Ова ќе биде уште еден голем предизвик, но и огромно искуство за понатамошниот нивни напредок во ракометната игра. Младите Вардарци тргнуваат за Србија, во петок во 10 часот.