Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено-црните заминаа за Франкфурт, во очекување на првиот меч од ЛШ во новата година
Црвено-црните заминаа за Франкфурт, во очекување на првиот меч од ЛШ во новата година

Црвено-црните заминаа за Франкфурт, во очекување на првиот меч од ЛШ во новата година

Вардарци веќе се очекува да пристигнат во Франкфурт, каде попладнево заминаа од Скопје, а со директен лет преку Љубљана се упатија за Германија. Во четврток не очекува првиот натпревар во новата година од најголемото ракометно натпреварување. Противник ни е добро познатиот тим на Рајн-Некар. Црвено-црните ќе имаат доволно време за адаптација и подготовка пред овој важен дуел. Утре наутро се очекува да го имаат и првиот тренинг во “Фрапорт арена“, каде во четврток ќе се игра овој натпревар. Како што е познато екипата замина без суспендираните Манасков и Стоилов, а дополнително во составот е повикан Владо Недановски на позицијата лево крило.

Вардар моментално се наоѓа на петтото место на табелата, со бод помалку пред Рајн Некар и Пик Сегед. Се надеваме дека Вардар ќе ја повтори играта од минатата сезона, кога убедливо го поразивме истиов противник и тоа на нивниот терен. На првиот меч оваа сезона, во Јане Сандански забележавме триумф со резултат 25:19.