Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Една година “Вардар фанс“ на веб сајт, ви благодариме на довербата
Една година “Вардар фанс“ на веб сајт, ви благодариме на довербата

Една година “Вардар фанс“ на веб сајт, ви благодариме на довербата

Нашиот црвено-црн вардаров веб-сајт тргна активно на македонското спортско “новинарско небо“ пред точно една година, лани на овој ден почнавме официјално да ги промовираме нашите статии од нашите читатели. Во меѓувреме од тогаш до денес споделивме со вас нешто над 3500 објави за големото црвено-црно семејство.

Нашата визија вроди со плод пред 365 дена се “роди“ медиумот кој посакавме и успеавме се надеваме во целост да ги следиме сите екипи што имаат име Вардар, дали станува збор за првите тимови на фудбалскиот и двата ракометни колектива, преку кошаркарскиот, кугларскиот, атлтичарскиот се до сите детски категории на вардаровата школа. Мило ни е што успеавме да си ја оствариме целта и да покриеме добар дел од настаните за кои сакавме да известуваме, особено со акцент на младите вардарци они кои доаѓаат , на кој им останува иднината. На нашите читатели чии број рапидно расне од ден на ден им се заблагодаруваме на читањето и посетата на нашиот и ваш сајт.

Ви благодариме спортски поздрав ,искрено ваши Вардарфанс.мк