Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пенезиќ и Лекиќ на делба на 13 место на листата на најдобри стрелци во ЛШ
Пенезиќ и Лекиќ на делба на 13 место на листата на најдобри стрелци во ЛШ

Пенезиќ и Лекиќ на делба на 13 место на листата на најдобри стрелци во ЛШ

Изминатиов викенд се комплетираше треттото коло во главната групна фаза од лигата на шампиони во женска конкуренција. Жрк Вардар со триумфот против Савенхоф се искачи место погоре на табелата, односно сега се наоѓа на третата позиција пред екипата на  ЦСМ Букурешт. На овој дуел најефикасни во нашиот состав беа Андреа Пенезиќ и Андреа Лекиќ, кои постигнаа по 6 голови.

Овие две ракометари се и наши најдобри стрелци во досегашниот дел од сезоната во најголемото ракометно натпреварување. Со вкупно 42 голови го делат 13 место на листата на најдобри стрелци. Во листата на ТОП-50 најефикасни, се наоѓа уште и Маја Сокач со вкупно 25 постигнати голови. Првото место сеуште го држи Алисон Пино од Баја Маре, која се споменува како следно засилување за црвено-црните од наредната сезона. Следниот натпревар за Вардарки е на 16-ти вефруари, на гостински терен против екипата на ЦСМ Букурешт.