Кошаркарскиот клуб Вардар со својата генерација 2009/2010 година дојде до сребрен медал на турнирот во Гази Баба.
Црвено-црниот тим во финалето беше поразен во продолжението од екипата на Плеј 017, овој натпревар заврши реми во регуларниот дел. Потоа се одиграа дополнителни минути по кој гостинот од Бујановац, Србија дојде до победа со два поена, односно со резултат 28-26.
Претходно ние во групата-1 го совладавме тимот на Пантери Врање со 28-21 и екипата на Феникс од Скопје со резултат 34-12.