Актуелниот координатор во младинската школа на ракометниот клуб Вардар, Индира Кастратовиќ, на манифестацијата “Вечер за жените во спортот“ доби признание за „Награда за животно дело“
Наградата и ја врачи поранешниот претседател на Кометал Ѓорче Петров, Трифун Костовски.
На истава манифестација, за награда беше номинирана и ракометарката на Вардар, се работи за Андреа Седлоска која беше во изборот во за најмлади спортски надежи во земјава.
Имавме уште една награда, Жаклина Стојановска тренерот на ЖКК Вардар која дојде до двојна круна е избрана за најдобар тренер.
Покрај споменатите награди се избираа личности и за најдобар спортски менаџер, судијка, најголем придонес во училишен спорт, и.т.н.