Monday ,07 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Тино Спасиќ помина најмногу минути на терените за генерација 2005
Тино Спасиќ помина најмногу минути на терените за генерација 2005

Тино Спасиќ помина најмногу минути на терените за генерација 2005

Генерацијата 2005 на фудбалскиот клуб Вардар го заврши есенскиот дел во регионалната-скопска лига на првото место на табелата.

Откако направивме преглед на полусезоната, дојде на ред да видиме кој беше играчот кој имаше најголема минутажа во оваа екипа, која е предводена од Зоран Петковски.

Тино Спасиќ е играчот кој поминал најмногу на терените за генерација 2005, во есенскиот дел од сезоната. Играчот кој настапува на средината на теренот има одиграно вкупно 1.006 минути, додека веднаш зад него со 977 минути е Филип Јовановски. Трет според оваа статистика е Влатко Кулуковски со вкупно 942 одиграни минути. Освен споменативе играчи уштге двајца можат да се пофалат дека биле во игра на сите 13 натпревари. Тоа се Антевски Кристијан и Лука Јакимовски.

Во есенскиот дел имаме добиено 10 жолти картони, како и едно исклучување. Вака изгледа комплетната статистика за секој играч на генерацијата 2005 во есенскиот дел.

 2005