По три дена ракомет во скопската населба Илинден, вчера се добија победниците во машка и женска категорија. Двете злата завршија „пребоени“ во црвено-црно.
Кадетите на Вардар Јуниор предводени од Будимир и Станковски го освоија турнирот со победата над Алушоски во машка категорија. Кај дамите пионерките на ЖРК Вардар дојдоа до пехарот на овој турнир. „Лавиците“ на Платон и Папуџиева имаа највеќе бодови со што се „крунисаа“.
Покрај тоа беа доделени и две награди за најдобрите поединци на овој турнир (МВП). Кај момците Савревски Давид од Вардар Јуниор дојде до ова признание, кај дамите истото беше доделено на средниот бек на Вардар, Коцева Бојана.