Пионерите на ФК Вардар завршија на второто место во лигата и се пласираа во полуфиналето на Купот, во есенскиот дел од сезоната. Оваа генерација успеа да постигне вкупно 56 голови во двете натпреварувања.
Играчот кој се покажа како најдобар стрелец на полусезоната е Георг Стојановски, кој успеа да постигне вкупно 21 гол. Вака изгледа листата на играчи, кои ги постигнаа сите 56 голови во овој дел од сезоната.
1. Георг Стојановски 21
2. Антонио Мирков 12
3. Андреј Стојчевски 6
4. Петар Давидовски 4
5. Дарио Јовановски, Петре Тасевски и Славче Живков по 3
6. Алек Сељанац 2
7. Лео Андрески и Алек Саит по 1 гол.