Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Регионалната школа на Вардар, РК Седмерец од Охрид реди успеси и освојува трофеи
Регионалната школа на Вардар, РК Седмерец од Охрид реди успеси и освојува трофеи

Регионалната школа на Вардар, РК Седмерец од Охрид реди успеси и освојува трофеи

Една од регионалните школи на Академијата на РК Вардар, екипата на  Вардар Седмерец од Охрид учествуваше на турнир во градот Гостивар. Истиот го организираше  тимот на РК Јехона.

Охриѓани се една од школите кои вложуваат доста енергија и труд, откако се приклучија на црвено-црното семејство. Тоа секако вродува со плод и резултатите се гледаат по остварените успеси. На овој турнир тие го освои првото место во генерација 2008/2009 година. Со овој  пехар стигнаа до 5-тиот трофеј  во 2019 година, што за деца на нивна воздраст е за голема пофалба.

Квалитетната работа на стручниот штаб во Седмерец покажува дека се работи доста професионално. Во финалето на мегдан ја имаа домашната екипа РК Јехона, во еден  возбудлив дуел успеаа да дојдат до победа со резултат 17:14 и да се закитат со „злато“.