Кошаркарската приказна продолжува во Гевгелија! По одлично организиран натпревар во рамки на сениорската машка репрезентација како и 3×3 FIBA турнир во текот на изминатите шест месеци, Македонската кошаркарска федерација одлучи празникот на кошарката – државниот Куп да се одигра токму во градот Гевгелија.
Вчера и официјално беше ставен потпис на договорот за соработка помеѓу Македонската кошаркарска федерација и клубовите Блокотехна и Кожув кои ќе бидат коорганизатори на натпреварите од државниот Куп, со поддршка од Општината Гевгелија. Викендот 15.-16. и 17. февруари, центарот на внимание на сите љубители на кошарката ќе биде свртен кон Гевгелија. На истиот Вардар ќе учестува само во женска конкуренција.
Во женската конкуренција ќе разигруваат четирите прворангирани екипи по системот 1-4, 2-3. Па така Бадел 1862 во едното полуфинале ќе се надигрува со ЖКК Работничи, а тимот на Струга 2009 во второто полуфинале ќе се сретне со нашиот ЖКК Вардар. Девојките на Жаклина Стојановска ќе се обидат да врзат три пехари во низа. Табелата врз основа на која се одредуваат двојките по есенскиот дел изгледа вака:
- Бадел 1862
- Вардар
- Струга 2009
- Работнички