Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардарци добија заостанати плати
Вардарци добија заостанати плати

Вардарци добија заостанати плати

Позитивни работи се случуваат во ФК Вардар овие неколку денови. Денеска фудбалерите на Вардар заедно со тренерите во првиот тим и во младинските категории добиле по две од заостанатите плати.

Оваа вест е добредојдена и значи дека Вардар има намера до 31. јануари да го плати долгот и да избегне две-годишна суспензија.

Инаку, денот да биде уште поубав, Вардар претстави и две нови имиња. Тоа се левиот бек Жуниор и младиот Бојан Колевски кој дојде од позајмица од Борец и потпиша нов договор до 2020 година.