Како што објавија во текот на вчерашниот ден од Борачкиот клуб Вардар на нивата официјална страница повторно се враќа црвено-црниот колектив во “старата база“, Спортско ректеативниот центар “Кале“ во Скопје.
Како што велат сите свои активности и тренинзи ќе се одржуваат во оваа сала која е симбол на црвено-црното семејство. Тренинзите на борачите ќе се одржуваат секој ден со почеток во 17-00 часот се до 20-00 часот. Покрај овој клуб во помалата сала во истиот центар настапуваа ЖКК и КК Вардар и сите млади кошаркарски екипи. Ракометниот клуб од оваа сезона повеќе не ги користи услугите на овој спортски центар каде се запишани многу светли моменти од нашата ракометна историја.