Младиот состав на ЖРК Вардар кој се натпреварува во женската ракометна лига есенскиот дел од сезоната го заврши на 3.позиција на табелата. Иако млади, избраничките на Симовски, Царчев и Ристова покажаа зрелост и карактер да се носат со било кој противник во најсилната македонска лига. Вардарки и во вториот дел од сезоната ќе продолжат да се борат за што повисок пласман на табелата, а зошто да не и за титулата, таму моментално лидер е Металург, додека второто место е за екипата на Куманово.
Вардар одигра 14 натпревари, на кои забележа 9 победи, 1 нерешен резултат и 4 порази. Што се однесува до нападот успеавме да постигнеме 412 голови или неверојатни речиси 30 по одигран дуел (во просек 29,50 гола по меч). Најдобар стрелец на екипата е бекот, Андреа Седлоска која успеа да постигне вкупно 62 голови, таа најчесто е задолжена за изведување на ударите од седум метри. Крилото Мирјана Петковска е единствената ракометарка која успеа да се запише во листата на стрелци на сите 14 одиграни мечеви во Лигата, всушност Мими е втора според оваа статистика, додека трета е уште едно крило, тоа е Ивона Трпевска.
Ова се сите играчи, кои успеаа да се запишат во листата на стрелци кај Вардар и да ги постигнат сите 412 голови во првиот дел од сезоната.
1. Андреа Седлоска – 62
2. Мирјана Петковска – 51
3. Ивона Трпевска – 48
4. Милица Николиќ – 40
5. Ана Марија Коларовска – 30
6. Бојана Диневска – 26
7. Ангела Гроздановска – 23
8. Катерина Дамјановска – 20
9. Стефанија Ѓорѓиевска – 18
10. Ангела Костовиќ – 17
11. Ана Марија Божиновска – 16
12. Сара Миновска и Марија Гоцевска по – 15
13. Кети Ангеловска – 10
14. Ивана Џатевска и Ива Јаковчевска по – 9
15. Теодора Стаменкова – 3