Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Последниот дел од зимскиот турнир ќе се одигра денес, за најмалите кои ќе играат мини ракомет
Последниот дел од зимскиот турнир ќе се одигра денес, за најмалите кои ќе играат мини ракомет

Последниот дел од зимскиот турнир ќе се одигра денес, за најмалите кои ќе играат мини ракомет

Турнирот „Еден живот, една љубов” викендов продолжува со натпреварите во мини ракомет, наменети за момчиња и девојчиња родени 2010 година и помлади. Во спортскиот центар „Јане Сандански” в сабота, 26 јануари, натпреварите почнуваат во 10 часот и завршуваат во 15.20.

Во оваа категорија се натпреваруваат 8 екипи и тоа Ѓорче Петров Вардар и Драчево Вардар, како и Будимир Вардар и Делчево Вардар со по три екипи.

Во мини ракомет нема рангирање на екипите кои се натпреваруваат. Идејата е децата да се забавуваат и да го засакаат ракометот како спорт, а учеството на натпреварите овозможува децата да се запознаат и со играта со противник. Учат да играат пред публика и да се носат со притисокот која екипа ќе даде повеќе голови. При тоа се запознаваат со спортската култура и со фер плејот меѓу противниците како на теренот, така и надвор од него. Најважно за тренерите е да видат до каде напредувале неговите млади играчи во однос на останатите врсници.

Со еднодневни натпревари во мини ракомет ќе заврши и зимскиот турнир 2019.

Распоред за натпреварите во мини ракомет: 2010_i_pomali.docx