Двајца ракометари на Вардар се најдоа во друштвото на играчи, кои освојуваа признанија за најдобри на мечевите од Светското првенство, кое се уште е актуелно во Германија и Данска.
Се работи за капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и левото крило, Тимур Дибиров. Стоилов беше прогласен за најдобар играч на првиот меч на Македонија на мундијалот, кога успеавме да ја совладаме селекцијата на Јапонија. Дибиров пак, во два наврати го добиваше признанието за најдобар поединец на теренот, на мечевите против Србија и Германија, кога Русија одигра со нерешен резултат.