Чест ни е да известиме за голем успех на младите вардарци на турнирот во Белград, каде земаа учество на традиционален меѓународен боречки турнир, “Победник-2017“. Тоа беше турнир во слободен стил за пионери и кадети на кој учестуваа дури 150 борачи од Шветска, Иран, Грција, Словачка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и домаќинот Србија. Младите вардарци покажаа дека се одлично подготвени, тие освоиа три злата и по едно сребро и бронза на овој силен турнир.
Со златен медал се закитија: Марија Неделковска (46кг), Идрис Идар (54кг) и Рамазан Гаџиханов (63кг). До сребро дојде Марија Спировска (40кг), а со брозна се закити Стефан Димчевски (74кг).
За најдобра екипа беше прогласена екипата на Иран, а нашиот кадет, вардарецот Рамазан Гаџиханов беше избран и награден како најдобар борач на турнирот. Тој беше доминантен и сите четири борби, истите ги доби супериорно со “технички туш“.
Екипата ја водеше тренерот Игор Неделковски со неговиот помошник Мирослав Спировски. Присутен беше од раководството, Далибор Милановски-претседател, Рангелов Александар-потпреседател и Љубомир Лазаревски-секретар.
Раководството на клубот оствари средби со преставниците на присутните репрезенации за понатамошна успешна соработна.
Дека стануваше збор за квалитетен турнир со висок рејтинг покажа и потврди присуството на претседателот на светската боречка федерација (UWW) господинот Ненад Лаловиќ.