Tuesday ,12 December 2017
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Леонид Игнатов: Шансите за титула во првенството не се изгубени, бидејќи сезоната е долга, а разликата во бодови не е многу голема и е достижна
Леонид Игнатов: Шансите за титула во првенството не се изгубени, бидејќи сезоната е долга, а разликата во бодови не е многу голема и е достижна

Леонид Игнатов: Шансите за титула во првенството не се изгубени, бидејќи сезоната е долга, а разликата во бодови не е многу голема и е достижна

Пионерите на ФК Вардар убедиво го добија дербито со екипата на А.Пандев, во рамките на 13 коло во првенството на младинските категории. Избраниците на Тодоровски триумфираа на овој дуел со резултат од 3:0 и на тој начин стигнаа до петтата победа во лигата, а трета во последните четири меча, каде одигравме само со нерешен резултат на гостувањето кај Шкендија. За нашиот сајт, впечатоците од триумфот против А.Пандев можете да ги прочитате од Леонид Игнатов, кој е еден од најстандардните во составот на оваа генерација.

-Одигравме квалитетен натпревар во кој влеговме доста мотивирано и повеќе ја посакувавме победата од противникот, затоа и го добивме натпреварот убедливо со 3:0. Очекувавме дека ова ќе биде тежок меч, но со добрата и колективна игра на екипата успеавме да го добиеме полесно од од очекуваното.

21

Оваа генерација родени “2001“ година имаа слаб старт на сеззоната, кога по седум одиграни кола имаа само една победа. Сепак од натпревар на натпревар, тренерот Тодоровски полека го пронаоѓа идеалниот состав, кој треба да бележи уште подобри резултати и во новата 2018 година. Пионерите се веќе и полуфиналисти во националниот куп.

-Причината за лошиот старт во првиот дел од сезоната можеби е во тоа што беа направени рокади во генерациите и не бевме доволно воиграни. Шансите за титула во првенството не се изгубени, бидејќи сезоната е долга а разликата во бодови не е многу голема и е достижна. Во купот сме веќе во полуфиналето каде што го очекуваме противникот. Според мене мислам дека сме најсериозни кандидати за освојување на купот. Вардар не би бил Вардар ако на крајот не атакува на двојната круна.

Денес на теренот на Академијата, Вардар го пречекува Шкупи, во рамките на последното 14 коло од првиот круг на натпреварување. Уште една шанса за нашите надежи да се потврди добрата форма и да се стигне до нов триуф.

-Очекуваме дека ова ќе биде тежок и неизвесен натпревар како што беше и претходниот кој се заврши без победник 1:1. Но секако ние одиме на победа и на трите бода за да го завршиме овој прв круг на најдобар можен начин, со освојување на нови три бодови, како би оделе повисоко на табелата.

Звонко Ивановски