Машката кадетска ракометна репрезентација во периодот од 14-18-ти декември ќе биде дел од силен меѓународен турнир во Романија, заедно со репрезентациите на Белорусија, Израел и домаќинот, Романија. Селекторот на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на овој турнир кој ќе се одигра во Васлуи. На него се најдоа двајцата голмани на Вардар Јуниор, се работи за младите и надежи Марко Кизиќ ( кој инаку е пријавен и за настапи во првиот тим на Вардар) и Андреј Петковски. Потоа тука е бекот Мартин Карапалевски кој исто така е дел од вториот тим на Вардар и пикерот Мартин Мајсторовски кој настапува за младинците на Вардар.
Ова ќе биде втор посериозен тест за оваа генерација на ракометари, првиот беше на турнирот во Полска, а со цел подготовка за ЕХФ шампионатот во 2018 година, односно СП во 2019 година што ќе се одигра во Скопје.