Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Сакаме нашата песна по завршувањето на овој дуел да биде победничка а не утешителна
Комити: Сакаме нашата песна по завршувањето на овој дуел да биде победничка а не утешителна

Комити: Сакаме нашата песна по завршувањето на овој дуел да биде победничка а не утешителна

Дојде време да се збогуваме со настапите во елитното натпреварување Лига Европа…Годинава беше добра школа за тоа со какви предизвици треба да се соочиме доколку сакаме да бидеме дел од ова друштво почесто и постојано…

Лекциите се научени, се судривме со клубови поорганизирани од нас, екипи кои знаат што сакаат, и безмилосни при нашите дуели…

Се соочивме со предизвикот да се настапува на три фронта, без да ги фокусираме силите посебно кон еден од нив, па со тоа шансите за титулата се сега само теоретски, во купот сме на работ на црвената линија и можноста да останеме без ниту еден трофеј, но доколку некаде треба да се фокусираме вистински иако немаме никакви шанси, и се е во рамките на престижот и оставање подобар впечаток, тоа е секако дуелот со Розенборг во Четврток…
Сакаме достојно да се збогуваме од елитното друштво, сакаме награда за напредокот во играта во последните дуели одиграни на гостински терен во Шпанија и особено во Русија…
Сакаме победничкиот менталитет од ракометниот дел од семејството биде пренесен и на фудбалскиот…

Сакаме нашата песна по завршувањето на овој дуел да биде победничка а не утешителна…
Сакаме на Европа да и најавиме дека во следните наши настапи од овој тип (веруваме многу скоро), ќе бидеме конкурентни за победа и пласман во натамошна фаза…
(едит) СОБИР: СОБОРЕН ХРАМ 18:30ч.
*Текстот е превземeн од Комити Скопје.