Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Во вторник и среда, сите четири генерации на ФК Вардар ќе играат против Шкупи, во рамките на последното 14 коло од првиот круг на натпреварување
Во вторник и среда, сите четири генерации на ФК Вардар ќе играат против Шкупи, во рамките на последното 14 коло од првиот круг на натпреварување

Во вторник и среда, сите четири генерации на ФК Вардар ќе играат против Шкупи, во рамките на последното 14 коло од првиот круг на натпреварување

Утре и во среда ќе се одигра претпоследното 14 коло од првиот круг на натпреварување, во првенството на младинските фудбалски категории. Сите четири генерации ќе одиграат натпревари со екипата на Шкупи и тоа сите натпревари ќе бидат одиграни на теренот на Академијата. Поради лошиот терен во Чаир, екипата на Шкупи условно ќе биде домаќин на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците во среда своите мечеви ги играат на домашен терен.

Помладите пионери имаат добра шанса да бидат единствените кои без пораз ќе го завршат овој дел од сезоната. Избраниците на Сашо Тодоровски одиграа перфектни 13 натпревари, на кои забележаа дури 12 победи и само еден нерешен резултат и тоа уште во второто коло, што значи дека оваа генерација е во серија од 11 последователни победи во првенството. Убедливо го добивме утрешниот противник во 5 коло, кога на истиов терен бевме подобри, забележувајќи триумф со резултат од 4:0. Натпреварот утре ќе стартува од 10 часот.

Пионерите на последните четири првенствени мечеви имаат три победи и еден нерешен резултат и се враќаат во борба за највисок пласман. На првиот дуел, Вардар пропушти шанса за победа, откако најпрво имаше водство, а пред крајот на натпреварот дозволи да прими погодок, со што екипата на Шкупи освои бод. Тренерот Тодоровски ја пронајде идеалната формација, која треба да освои три бода и на утрешниот натпревар кој започнува од 12 часот.

Кадетите ќе се обидат да стигнат до втората последователна победа, откако во неделата славеа на гостувањето во Струмица, против екипата на Академија Пандев. Триумфот е повеќе од потребен за да се задржи чекорот со лидерот Шкендија, за освојување на првото место на крајот од сезоната. На првиот дуел одигран во Чаир, противникот славеше минимално со резултат од 1:0. Младинците исто така на теренот на Академијата ги пречекуваат врсниците од Шкупи. И тука на првиот натпревар одигран во Чаир загубивме со резултат 1:0. Вардар е фаворит на овој дуел, а таа улога треба да ја оправда на теренот. Мечевите на кадетите и младинците, во среда започнуваат од 10 и 12 часот.

Во сабота, кадетите и младинците ќе го одиграат заостанатото коло против екипата на Ренова. Нашите надежи ќе гостуваат во Тетово, а почетоците на мечевите се од 09:30 и 11:30 часот.