Saturday ,27 November 2021
Последни:
Home > Останати спортови > Одбојка > ОК Вардар максимален против Борец
ОК Вардар максимален против Борец

ОК Вардар максимален против Борец

Вчера, одбојкарите на Вардар ја остварија и третата победа оваа сезона, трета по ред, откако со максимални 3:0 славеа на дуелот со Борец кој беше своевидно дерби на 8. коло. Иако почнаа слабо и со четири стартни порази, „црвено-црните“ откако успеаја да ангажираат неколку странски засилувања полека фатија залет и сериозно напредуваат на табелата.

Добрите настапи денеска беа крунисани и со победа над велешани, кои добро ја почнаа сезоната, но полека заостануваат зад водечките на табелата.
Прва лига (мажи), 8.коло
Вардар – ГОК Борец 3:0 (25:20, 25:21, 25:20)
Струмица 47&72 – Македонија Џио 3:0 (25:9, 25:13, 25:14)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип 3:0 (25:21, 25:22, 25:21)
Штип УГД – Дибра волеј 3:0 (25:19, 25:22, 25:21)
Шкендија – Јанта волеј 3:0 (25:15, 25:20, 25:15)