Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > Кошарка: Белградски КК ИБЦ и КК Вук гостуваа со младите категории во Кале
Кошарка: Белградски КК ИБЦ и КК Вук  гостуваа со младите категории  во Кале

Кошарка: Белградски КК ИБЦ и КК Вук гостуваа со младите категории во Кале

Изминатиов викенд на младите вардарци   гости им беа два тима од соседна Србија. На дуели во малата сала “Кале“  дојдоа два тима од Белград, станува збор за екипите на  KK ИБЦ  и KK Вук.

Со селекциите 2007, 2006, 2004 и 2003 одигравме пријателски натпревари. Целта  на сите овие натпревари е да се влезе во ритам пред стартот на новата сезона, како и искуството на нашите играчи кога играат натпревари со странски екипи. Одлична кошарка, одлична дружба и дефинитивно соработка и во иднина.

РЕЗУЛТАТИ:

Генерација 2007 

  • КК Вардар – КК Вук 41:53

Генерација 2006 

  • КК Вардар – КК ИБЦ 57:49

Генерација 2004 

  • КК Вардар – КК ИБЦ 77:61

Генерација 2003 

  • КК Вардар – КК ИБЦ 80:71