Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во претстојниве денови ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Албанија.
Селекторот на оваа селекција, Неџат Шабани за овие дуели повика и четворица играчи од ФК Вардар. Се работи за Игор Јаневски, Георг Стојановски, Никола Павлески и Бесар Гуџуфи.
Првиот дуел на овие две селекции ќе биде одигран утре во Подградец, додека вториот меч е закажан за во четврток на тренинг центарот “Петар Милошевски„.