Градското фудбалско дерби од 6 коло во ПМФЛ, најверојатно ќе се одигра во вечерен термин од 19:00 часот. Во сабота, Вардар ќе му гостува на тимот на Работнички, на арената Филип Втори, кој своите натпревари ги игра под рефлектори.
Од друга страна, Вардар прв пат сезонава ќе игра на “Филип Втори„ со оглед дека своите дуели на домашен терен ги игра на стадионот “Борис Трајковски„. Двојна програма не очекува во сабота, за потсетување од 17:30 часот играат и ракометарите.