Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар утре на дуел со Македонија ЃП
Вардар утре на дуел со Македонија ЃП

Вардар утре на дуел со Македонија ЃП

Нема одмор за фудбалерите на Александар Васоски. По победата над Шкупи, сега доаѓа ред на уште еден домашен натпревар во Маџари, но овој пат во рамките на 1/8 финалето од Купот на Македонија.

Како што е познато, Вардар ја доби екипата на Македонија ЃП во Купот, а првиот натпревар ќе биде одигран веќе утре од 15 часот и 30 минути на теренот на Вардар.

Очекуваме победа на црвено – црните пред реваншот во Ѓорче. Инаку, постои голема можност поради Куп мечевите, дуелот со Работнички да биде одигран во недела а не како што беше најавено во сабота.