Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Вардар домаќин во предпоследното коло од МКЛ на Кк ГТЦ
КУГЛАЊЕ! Вардар домаќин во предпоследното коло од МКЛ на Кк ГТЦ

КУГЛАЊЕ! Вардар домаќин во предпоследното коло од МКЛ на Кк ГТЦ

Викендов  повторно  на програмата се возбудувањата во македонската кугларска лига, во сабота ќе се одиграат мечевите од предпоследното коло во МКЛ. Црвено-црните избраници на Драги Димитровски ќе го одиграат последниот домашен дуел оваа сезона во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски“, во кој ќе го нагостат градскиот ривал тимот на Кк ГТЦ Мусандра.

Мечот ќе се игра на 27 февруари, во сабота со почеток во 11-00 часот, на патеките од 5 до 8  во кугларницата при С.Ц “Борис Трајковски„ каде ги игра Кк Вардар својте домашни мечеви. Ова е последен дуел пред одлучувачкиот последен меч сезонава со Кк Макпетрол, дуел кој ќе го реши шампионот на Македонија во куглање. Момците од нашиот црвено-црн кугларски колектив како и шампионот Макпетрол “собраа“ по 15 бода од максималните можни 16 во изминатите 8 кола кој се зад нас. Во минатото соочување ова сезона на гости во кугларницата “Мусандра“ која се наоѓа во Гратскиот трговски центар-Скопје в0 мечот од четвртото коло помеѓу домаќинот Кк ГТЦ и нашиот Вардар во еден тежок и напорен меч кој беше неизвесен до крај избраниците на Драги Димитровски славеа минимална победа со резултат 3-5.  Нашите момци после првиот пар губеаа со 2-0 од домаќините, што преставуваше голема опасност за исходот од овој важен дуел на скопските ривали. Веќе во вториот пар црвено-црните го покажаа вистинскот лице и изедначија на 2-2 со што се вратија целосно во мечот. По третиот пар резултатот беше нерешен 3-3, но поради повеќе соборени “дрва“ победата замина кај црвено-црните.