Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Судиска двојка од Норвешка ќе го суди мечот ПИК Сегед-Вардар
Судиска двојка од Норвешка ќе го суди мечот ПИК Сегед-Вардар

Судиска двојка од Норвешка ќе го суди мечот ПИК Сегед-Вардар

Дуелот на вардаровите ракометари   во рамки  на  13 коло во  групата-Б од  ЕХФ Лигата на шампионите против екипата на ПИК Сегед е избран од страна на ЕХФ за меч на колото. Овој дуел во претпоследното коло од групната фаза  е закажана за во  недела на 28 февруари со почеток во 17-30 часот.

Европската ракометна федерација ја одреди судиската двојка која ќе го суди овој меч на вардарци со ПИК Сегед . За неделниот  дуел делегирана  е од ЕХФ норвешката судиска двојка  Ојвинд Тогстад и Руне Крисиансен. За ЕХФ-делегат на овој дуел  е делегиран  Владимир Сокол кој доаѓа од република Хрватска.