Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Поддршка од Вардар фанс за иницијативата „Градски“ во Велес да го добие името на прерано починатиот вардаров голман Зоран Паунов

Поддршка од Вардар фанс за иницијативата „Градски“ во Велес да го добие името на прерано починатиот вардаров голман Зоран Паунов

yy

Веќе десетина денови на  социјалните мрежи, поточно на ФБ   е покрената иницијатива(види) за преименување на  сегашниот  „Градскиот стадион“ во градот Велес со ново име на една легенда на тамошниот ФК Борец и поранешен голман на скопскиот и македонскиот бренд број еден ФК Вардар.  Иницијаторите на оваа кампања сакаат  велешкиот стадионот да го носи името на легендарниот голман на велешки ФК Борец преранопочинатиот  Зоран Паунов – Паун.

Тој  својата кариера како млад голман ја почнал во родниот град Велес како член на  ФК Борец. Одтаму заминува и пристигнува во нашиот црвено-црн фудбалски колектив, тој со нашиот  Вардар настапувал во тогашната  прва Југословенска фудбалска лига. Настапите во нашиот Вардар преставувале врв на неговата голманска кариера. Подоцна имал настпи и за битолски Пелистер, сепак како искрен љубител на матичниот му клуб Борец, својата кариера како ветеран ја завршил во велешкиот клуб. Легендарниот Паун е роден  во 1965 година, а за жал овој свет го напушти прерано во  2009 година. Во негов помен во Велес секоја година организираат меморијален турнир. Ние како Вардар фанс ја поддржуваме ова иницијатива на велешките вљубеници на фудбалот и ни е мило доколку тој стадион го носи името на поранешниот Вардаров голман.