Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Распоред за мечевите во ракометната “Јуниор лига“ за овој викенд
Распоред за мечевите во ракометната “Јуниор лига“ за овој викенд

Распоред за мечевите во ракометната “Јуниор лига“ за овој викенд

Викендов повторно на програмата по еднонеделна пауза поради пренатрупаноста на С.Ц Јане Сандански во кој се одиграа три европски меча минатиот викенд, повторно ќе може да се проследат возбудувањата од вардаровата ракометна “Јуниор лига“. Овој викенд е резервиран за  најмладите надежи, кои  ќе ги одиграат својте дуели  во рамките од 4 коло. .

Мечевите ќе се играат како досега во две сали па во салата во СЦ „Јане Сандански” ќе се одигра 4 коло на генерацијата родена 2006/2009, односно тоа се мешани екипи составени од момчиња и девојчиња на оваа возраст, а  во салата во СЦ „Јане Сандански” ќе играат и момчињата и девојчињата од две други старосни возрасни. Тоа се генерациите 1998/99 и 2004/2005.
Во салата во СЦ Кале ќе играат само девојчиња, и тоа од три старосни генерации, 1998/99, 2000/2001 и 2002/2003.

Распоред за овонеделните мечеви во Вардар јуниор лигата:   vardar_junior_liga_27.02.2016.pdf