Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! Во сабота 2.коло МКЛ , Вардар “гостува“ кај КК ГТЦ Мусандра
КУГЛАЊЕ! Во сабота 2.коло МКЛ , Вардар “гостува“ кај КК ГТЦ Мусандра

КУГЛАЊЕ! Во сабота 2.коло МКЛ , Вардар “гостува“ кај КК ГТЦ Мусандра

Викендов на програмата е второто коло во Македонската кугларска лига од новата сезона 2016/2017 година. Црвено-црните куглари во ова коло условно се “гости“ во кугларницата “Мусандра“ во Градскиот трговски центар Скопје каде од оваа сезона тие ќе ги играат своите домашни дуели во МКЛ.

Во сабота на 22-ри октомври според распоредот за второто коло играме гостински дуел со екипата на КК ГТЦ Мусандра. Мечот е закажан со почеток во 10-00 часот. Нашиот следен ривал тргна во новата сезона со победа 6-2 на првиот меч во кој беше домаќин на екипата на КК Империал Тобако ТКС. Ние во првото коло како домаќини ја пречекавме екипата на двојниот шампион од минатата сезона суверениот владетел на МКЛ деценија и пол наназад тимот на КК Макпетрол.  “Пумпашите“ победија со 1-7 (8,5-15,5). Избраниците на Драги Димитровски соборија 3339 “дрва“ , а пак жолто-плавите имаа 75 повеќе односно 3414 “соборени дрва“. Покрај нашиот дуел во второто коло ќе се играат и мечевите КК Макпетрол- КК 18 Август и КК Империал Тобако ТКС- КК Хераклеа од Битола и тие исто како и нашиот дуел ќе се играат во сабота.

Интересен факт пред саботниот дуел кој треба да се напомене е дека пред заминувањето во Италија на “Светскиот куп“  се одиграа тест меч, кој беше последна “контролка“ пред заминувањето за Апанинскиот полуостров. Наш противник во мечот одигран на 28-ми септември беше екипата на КК ГТЦ Мусандра со која сега ќе играме во МКЛ. Овој дуел ние го добивме во наша корист, ние  победивме  со 3490 “соборени дрва“  имавме 162 повеќе од нашите противници кои соборија 3328, детали од тој дуел-тука.