Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > КУГЛАЊЕ! “Успешна контролка“ пред заминувањето во Болцано на Светскиот куп на вардарци

КУГЛАЊЕ! “Успешна контролка“ пред заминувањето во Болцано на Светскиот куп на вардарци

Ситно бројат избраниците на Драги Димитровски пред заминувањето на почетокот од викендов за Бочлано во Италија каде ги чека најголемиот европски предизвик во нивната млада историја. Тие ќе се сретнат со 14 најсилни европски екипи на “Светскиот куп“, собир кој е висококвалитетен турнир.

По тој повод вчера во кугларницата “Мусандра“  која од сезонава ќе биде наш домашен терен, се одиграа тест меч, кој беше последна “контролка“ пред заминувањето за Апанинскиот полуостров. Наш противник беше екипата на КК ГТЦ Мусандра, овој дуел ние го добивме во наша корист, ние  победивме  со 3490 “соборени дрва“  имавме 162 повеќе од нашите противници кои соборија 3328. Лидери на тимот беа дуото Димитровски-Влаќевски, а повторно на позиција “три“ беше расположениот Донковски кој очигледно ја подига формата од недела во недела. Нашите момци ги остварија следниве резултати: Димитар Димитровски беше најдобар, ја мина границата од шестотини чуневи, тој имаше скор од 638 . Втор скор имаше вториот член на ударното дуо на вардарци  “кугларскиот Моцарт“ Бојан Влаќевски тој имаше 587,  “соборени дрва“, како што напоменавме веднаш зад нив беше Младен Донковски со резултат 581. Искусниот Миле Димковски  беше четврто пласиран 566, зад него беше  Коста Ристевски со скор од  565, топ-6 листата се завршува со   Бранко Митиќ  кој имаше 553. Според планираното од претходно Вардар на 2-ри октомври патува за Италија.