Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Шестмина повикани од РК Вардар и Вардар Јуниор за собир на сениорската репрезентација

Шестмина повикани од РК Вардар и Вардар Јуниор за собир на сениорската репрезентација

Дури шестмина ракометари на црвено-црните  кои настапуваат за екипите на РК Вардар и тимот на РК Вардар јуниор се дел од  поширокиот список на селекторот на машката сениорската репрезентација Лино Червар. Момците се повикани  за собирот кој е планиран во понеделник   на 3 октомври во градот Охрид.

Истиот таков собир претходно беше организиран и во градот Битола. Списокот на потенцијални репрезентативци ги содржи имињата на следните црвено-црни момци:  Тоше Ончев, Иван Димитровски, Мартин Поповски, Мартин Манасков, Дејан Кукуловски и Стефан Трпчевски. Во план се  три вакви собири есенва во различни градови на Македонија.  Нивната  цел е повеќе ракометари да бидат повикани и кои се на поширокиот список на потенцијални репрезентативци. Целиот список на повикани ракометари за црвено-жолтиот сениорски тим може да го погледнете- тука.