Македонскиот селектор на женската сениорска репрезентација на Македонија и тренер на ЖРК Вардар СЦЈС ракометниот стручњак Симе Симовски го објави списокот на црвено-жолти ракометарки повикани за подготовките. Истите ќе се реализраат во рамки на ЕХФ неделата (03.10-09.10.2016) за квалификациските натпревари за СП 2017 година што ќе се игра во Германија.
Според планот за оваа ЕХФ неделата нашата женска репрезентацијата својот прв собир ќе го има во главниот град на земјава , Скопје. Потоа ќе замине за Црна Гора каде е предвидено да одигра два контролни натпревари. На списокот на Симовски се најдоа дури деветте ракометарки на нашиот Вардар. Ова се девојките кои што се повикани на подготовките: