Младиот суперлигаш РК Вардар Јуниор втора година се натпреварува во најквалитетната машка ракометна конкуренција, годинава одлука беше во овој тим да се наоѓаат далеку помлади ракометари кои од РК Вардар-2 дојдоа во овој тим и на чело да биде ракометниот стручњак Стојан Петрушевски. Тимот подмладен и безискуство тргна храбро во суперлигашката Одисеја, по две кола забележа два пораза.
Во третиот меч овие млади момци ќе се обидат да дојдат до првата победа за нив во новата сезона, во овој викенд кога на програмате третото коло. Во истото гостуваме кај тимот на РК Радовиш во истоимениот град. Ние не успеавме во првите мечеви со Прилеп и Пролет, се надеваме дека момците на Петрушевки ќе успејат да почнат со победи, иако најважно за овие момцие драгоценото искуство од најквалитетната лига. Мечот ќе се игра на први октомври, во сабота со почеток во 19-00 часот. Нашиот противник по првите две кола има половичен успех, успеја да победи со екипата Борец, апак беше поразен од тимот на Металург-2. По овој дуел домаќини сме на градскиот ривал екипата на РК Работнички.