Во натпревар во СЕХА Газпром лигата, РК Вардар ја оствари шестата победа по ред во ова натпреварување. Ние бевме подобри од Горење со 40-32 (21-12), во меч со доминантна игра. Hашиот црвено-црн машки ракометен колектив останува на лидерското место на табелата. На пресконференција тренерот на РК Вардар , Раул Гонзалес за овој меч изјави:
Сакам да им честитам на играчите на Горење бидејќи играат добра ракомет, но исто така и на моите играчи затоа што одиграа со посветеност и концентрација. Во првото полувреме имавме добра 6-0 одбрана и голманот Ангелов кој одбрани седум топки, со што ние успеавме да направиме разлика од девет гола. Во второто полувреме не останавме на истото ниво, но мораме да разбереме дека сме и малку уморни по оној натпревар во Шведска во неделата.
Петре Ангелов-Диви за овој меч во кој одигра одлично прво полувреме, на присутните новинари на пресконференцијата им изјави:
Сакам да им честитам на играчите на Горење за фер играта. Ние продолжуваме да ја подобруваме нашата форма од натпревар во натпревар и се надевам дека сезонава ќе ја оствариме зацртаната цел. Треба да одиме чекор по чекор и овој меч беше многу корисен за следниот натпревар во сабота против Мешков во ЕХФ лигата на шампионите.