Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Словенците видоа што е тоа вардарово “горење“, РК Вардар- РК Горење 40:31

Словенците видоа што е тоа вардарово “горење“, РК Вардар- РК Горење 40:31

Денес  во спортскиот центар Јане Сандански се одигра натпревар во СЕХА-лигата во кој  нашиот ракометен шампион Вардар  се сретна со екипата на Горење. Нашите момци продолжија со победите, тие триумфираа со 40-31.

gorenje-2

Вардар тргна на почетокот со два гола во мрежата на гостите од Словенија, стрелци за 2-0 беа Дибиров и Душебаев.  Гостите намалија на 2-1 преку нашиот поранешен играч Брумен, потоа следеше нова серија, овој пат  3-1 за наша комотна предност од 6-2.  Гостите екипата на Горење се понадева од како првпат погоди двапати по ред и намали на 6-4, потоа следеше повторно серија на црвено-црните. Правиме серија 6-2 во наредните минути, и во 19 минута со голот на Дибиров  поведуваме со 12-6. Гостите постигнаа гол за намалување предноста, али повторно следуваше серија 7-2 со која преку Душебаев во 27 минута поведовме со 19-10, првпат со дeвет гола , што беше најголема наша предност денес. До крајот постигаа двата тима по два погодока и со истата разлика се отиде на одмор, резулатот на семафорот во С.Ц “Јане Сандански “ гласеше 21-12.  Најистакнати поединци во првиот дел беа Петар Ангелов, Дибиров и бразилецот Фереира.

kar

 

Вториот дел го започнавме со целосно нова постава на теренот во Јане Сандански, шпанецот на нашата клупа Гонзалес реши да даде шанса на играчите од клупата. Во првите десетина минути се играше буквално гол за гол, разликата остана иста “плус девет“ за нас , резултатот по 8 минути во второто полувреме беше 27-18. Во вториот дел голови постигнаа за гостите Алем Тоскиќ и Матејаш Брумен , истите беа поздравени топло од публиката во салата, Скопје дефинитивно овие двајца играчи ги има во срцето.  Во наредните минути се до половината на второто полувреме се играше исто гол за гол, во 45 минута  резултатот беше 30-22. Во следните десет минути предноста остана иста, двата тима постигнаа еквивалентен број голови со голот на Чупиќ зголемивме во 37-28. До крајот се беше формалност мечот заврши 40-31 за нашите момци, кои успеаа да погодат повторно “четириеска“.
Најефикасен кај нас беше  Дибиров  со 7 гола, втор стрелец беше Фереира со 5 гола.